Техничко-индустриската зона Тетово ќе вработи до 10.000 лица

Bez autora
Mar 20 2011

На 94,7 хектари во технолошката развојна зона во Тетово се очекува да бидат изградени 25 до 30 индустриски објекти, кои ќе вработуваат 7.000 до 10.000 лица. Од денеска сите заинтересирани домашни и странски компании ќе може да се пријават на повикот за јавно-приватно партнерство. Крајниот рок за доставување на понудите е 1 август 2011 година по што ќе следува фазата на квалификација не подолга од 40 дена. Владата останува на концептот на технолошки индустриски развојни зони како модел за привлекување инвестиции зашто покажа дека функционира успешно во светски рамки. Но, паралелно, како комплемент, го воведуваме и јавното-приватно партнерство. Тоа не значи дека се откажуваме од ТИРЗ, напротив, тој концепт продолжува, но ги прошируваме можностите и со нови модели за развој на технолошките индустриски зони.

Техничко-индустриската зона Тетово ќе вработи до 10.000 лицаНа 94,7 хектари во технолошката развојна зона во Тетово се очекува да бидат изградени 25 до 30 индустриски објекти, кои ќе вработуваат 7.000 до 10.000 лица.

Од денеска сите заинтересирани домашни и странски компании ќе може да се пријават на повикот за јавно-приватно партнерство. Крајниот рок за доставување на понудите е 1 август 2011 година по што ќе следува фазата на квалификација не подолга од 40 дена - соопшти вчера Наташа Хаџи Лега, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

- Владата останува на концептот на технолошки индустриски развојни зони како модел за привлекување инвестиции зашто покажа дека функционира успешно во светски рамки. Но, паралелно, како комплемент, го воведуваме и јавното-приватно партнерство. Тоа не значи дека се откажуваме од ТИРЗ, напротив, тој концепт продолжува, но ги прошируваме можностите и со нови модели за развој на технолошките индустриски зони - рече на прес-конференција министерот за економија Фатмир Бесими.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik